ВИДЕО | Денвер до нов триумф без пола тим, Стротер најефикасен против Милвоки
Кошаркарите на Денвер на гостински терен ја совладаа екипата на Милвоки со 102:100 во НБА лигата. По два последователни порази, Нагетс се вратија на победничките патеки и започнаа нова триумфална серија.
Препорачано
Сè уште без лидер и најдобар поединец во тимот, Денвер победи во два натпревари за два дена. Претходно во дуелот со Вашингтон визардс, а сега и против Милвоки во неизвесна завршница.
Како и обично во последно време, има долг список на играчи на кои тренерот на Денвер, Дејвид Аделман не можеше да смета. Заедно со Никола Јокиќ, недостасуваа Пејтон Вотсон, Јонас Валанчиунас, Џамал Мареј, Камерон Џонсон, Кристијан Браун и Тамар Бејтс.
Џулијан Стротер беше најефикасен во триумфот со 20 поени и пет скока, и го одигра својот најдобар натпревар во сезоната. По него следеше Тим Хардавеј со 17 поени. Јанис Антетокумпо се истакна кај Бакс со 22 поени и 13 скока, додека Рајан Ролинс постигна еден поен помалку.
Денвер е на третата позиција на Западот (31-15), зад водечките Оклахома и Сан Антонио. Милвоки го претрпе петтиот пораз во последните шест натпревари и моментно е на 11 место на табелата во Источната конференција, надвор од зоната за плеј-ин.
НБА лига, резултати:
Детроит – Хјустон 104:111
Атланта – Феникс 110:103
Бруклин – Бостон 126:130
Кливленд – Сакраменто 123:118
Мемфис – Њу Орлеанс 127:133
Оклахома – Индијана 114:117
Милвоки – Денвер 100:102
Портланд – Торонто 98:110


