ВИДЕО: Денот кога Панчев и Најдоски со Црвена звезда станаа европски шампиони

Црвена звезда во 1991 година беше европски шампионфото: crvenazvezdafk.com

На денешен пред 31 година, на 29 мај 1991, Црвена звезда го оствари најголемиот успех на југословенскиот фудбал, стана шампион на Европа.

На тој ден во Бари (Италија) „црвено-белите“ во чии редови беа и двете македонски фудбалски легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски во пенал серијата со 5:3 триумфираа против Олимпик од Марсеј (Франција).

После 120 минути игра немаше голови на стадионот „Сан Никола“, а одлучувачкиот победнички гол за европска титула го имаше Панчев.

Ова финале ќе остане запаметено и по култниот коментар на Милојко Пантиќ кој го пренесуваше финалниот меч.

– Дарко Панчев и Олмета очи во очи. Црвена звезда е шампион на Европа! Црвена звезда е победник на Купот на шампионите. Најголемиот успех на југословенскиот клупски фудбал. Дарко, Дарко, Дарко… – беа зборовите на Пантиќ.

Покрај Панчев и Најдоски, во „златната“ генерација на Црвена звезда беа и Стеван Стојановиќ, Душко Радиновиќ, Слободан Маровиќ, Владимир Југовиќ, Рефик Шабанаџовиќ, Мидраг Белодедиќ, Роберт Просинечки, Дејан Савичевиќ, Синиша Михајловиќ, Драгиша Биниќ, Влада Стошиќ, Горан Василијевиќ, Ивица Момчиловиќ, Жељко Калуѓеровиќ, Милиќ Јовановиќ, Горан Јуриќ, Раде Тошиќ, Владан Лукиќ и Љубиша Милојевиќ. Тренер беше Љупко Петровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот