Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Денеска Игор Џамбазов слави, неговата Ферхунде полни три години

Нашиот актер и шоумен Игор Џамбазов, речиси секојдневно ужива во друштво нa неговото куче и тоа го споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.

Денеска тој има посебен повод, па повторно објави видео со Ферхунде со кое ѝ го честиташе роденденот.

„Драги гледачи, пред три години на овој ден се роди Ферхунде. Среќен роденден срце мое, среќен роденден…“, рече Игор во видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Игор, на шеговит начин потврди дека навистина на 15 септември е родена Ферхунде, покажувајќи го кучешкиот пасош со нејзините податоци.

Ова симпатично видео предизвика позитивни реакции, а во коментарите Ферхунде добир голем број честитки по повод роденденот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот