ВИДЕО: Деле Али спектакуларно пречекан во Истанбул

Турскиот Бешикташ ќе биде новиот предизвик на Деле Али/Фото: Принтскрин/Youtube/Ajansspor

Деле Али, досегашниот фудбалер на Евертон, својата професионална кариера ќе ја продолжи во редовите на турскиот клуб Бешикташ.

Некогаш еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, кој поголемиот дел од кариерата беше во дресот на Тотенхем, реши да ја прифати понудата на турскиот великан. Останува само да ги помине лекарските прегледи.

Али засега ќе игра во Бешикташ како позајмен играч, но не се исклучува можноста да биде откупен, доколку биде задоволен во најголемиот град во Турција и доколку дојде до договор меѓу клубовите.

Во последно време играчот е далеку од вистинската форма, не е во преден план кај менаџерот Френк Лампард и само повремено добива шанса од клупата на Евертон.

Секако, тоа не ги спречи навивачите на Бешикташ да му приредат спектакуларен пречек во раните утрински часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот