ВИДЕО: Дарко Велковски е нов фудбалер на Динамо Букурешт

фото: instagram.com/dinamobucurestiofficial

Како што и се најавуваше, тоа денеска доби потврда, Дарко Велковски е нов фудбалер на Динамо Букурешт.

Не се објавени детали од договорот, но се знае дека веднаш ќе му се приклучи на тимот на тренинг кампот во Анталија, Турција, во подготовките за вториот дел од сезоната.

Моментно во најсилната романска лига екипата на Динамо Букурешт е на претпоследното 15 место со 16 бодови.

Динамо Букурешт е вториот клуб со најмногу титули шампион на Романија, вкупно 18 (повеќе има само Стеауа, 26). Последен пат Динамо Букурешт беше првак во сезоната 2006/2007.

Професионалната клупска кариера Велкоски ја започна во Работнички, па се пресели во Вардар, ги бранеше боите на хрватската Риека, а беше дел и од Ал-Етифак од Саудиска Арабија.

За најдобрата македонска репрезентација има 48 настапи и три голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот