ВИДЕО | Дали Ковачевски ги користи ПР-методите на Груевски? Еве што одговори премиерот

Фото: Влада на РСМ

Одговарајќи на прашање, откако новинар му покажа фотографија на која и поранешниот премиер Никола Груевски пазари во маркет и проверува цени, премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека не гледа сличност со него и  посочи дека не е потребен ПР-експерт за да се отиде во маркет.

Разликата со претходните влади е таа што, ние живееме во најголемата енергетска и економска криза по Втората светска војна. Претходните влади кои живееа во економски просперитет не направија ништо за државата бидејќи имавме минимална плата од 8.000 денари и просечна плата од 20.000 денари. Сега имаме минимална плата од 20.000 денари и просечна над 34 илјади, вели тој.

За тоа дали е потребно да има камери додека заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши прават проверка на замрзнатите цени, премиерот вели дека улогата на медиумите е да информираат и затоа се повикани.

Но, тука се и да ги постават прашањата што ги интересираат граѓаните, додава Ковачевски.

ВИДЕО | Пензионерка му се пожали на Ковачевски: Многу тежок живот дојде, не можеме да купиме ниту лекарства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот