ВИДЕО | Дац и Александар изненадија млад брачен пар: Влетавме на свадба

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Актерот Драган Спасовски Дац и музичкиот продуцент и текстописец Александар Митевски се активни како музичко дуо уште од времето на пандемијата. Тие веќе 4 години имаат многу настапи ширум Македонија во познати локали и дискотеки, каде публиката ужива во нивните изведби.

Неодамна, Дац и Александар одлучија да приредат изненадување за еден млад брачен пар. Тие на социјалните мрежи споделија кратко видео во кое се гледа како ненајавени ги изненадиле младенците кои правеле свадба во еден македонски локал и успеале забавата да ја направат незаборавна.

„Влетавме на свадба како изненадување. Нека им е со среќа на Сашка и Дамјан“, напишаа Дац и Александар.

Како што може да се забележи од видеото, познатото македонско музичко дуо настапило со песната „Бела чао“ („ Bella Ciao“), а гостите и младенците уште повеќе се расположиле благодарение на нивната неверојатна изведба.

Во продолжение погледнете го видеото:

Интервју со Дац и Александар: Имаме букет од љубовни песни за лежерна атмосфера на 8 Mарт

ВИДЕО | Александар и Дац: Ќе пееме убави, стари песни, кои ќе ги вратат старите скопјани во некои убави времиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот