ВИДЕО: „Црвено-црна“ магија во Скопје, ремек дело на Дисингер!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар 1961 претрпе нов пораз сезонава во Лигата на шампионите, но се очекува од ЕХФ да одвои еден од играчите на македонскиот клуб во традиционалниот избор Топ 5 голови на колото.

Бекот Кристиан Дисингер дефинитивно го имаше еден од најубавите, доколку не и најубав погодок на мечот на денешниот натпревари против Пик Сегед.

Членот на „црвено-црните“ како големите ракометни мајстори успеа со удар од зад грб да ја затресе унгарската мрежа.

Ова ремек дело веднаш уште во текот на првото полувреме на социјалните мрежи го споделија и од ЕХФ.

Вреди да се погледне, уживајте во мајсторијата на германскиот ракометар:

Алушовски: Тажен сум, но и воедно среќен бидејќи одиме во добра насока!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот