Фото: РТЦГ / Принтскрин

ВИДЕО | Циклонот ги удави Котор и Улцињ во Црна Гора — цели населби и улици пливаат во вода

Силен циклон од Јадранското Море донесе обилни дождови во Црна Гора, предизвикувајќи поплави во Котор и во Улцињ, каде под вода се центарот на градот, објекти и улици.

Поради плимниот бран во попладневните часови, главниот влез во Котор беше под вода во неделата, што го отежна движењето на граѓаните и на туристите, објави „Вјести“.

Уште во раните утрински часови водата навлегла во населбата Стари град, при што биле поплавени станбени објекти, деловни простории и подруми.

Под вода се најде и инфо-пунктот на Туристичката организација на Котор, кој привремено е преместен во Канцеларијата за пријава и одјава на престој на странци во Стариот град.

Во Улцињ, дождот кој речиси непрекинато паѓа веќе неколку дена предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот и поплави на имоти во одделни делови од градот, пишува „Вјести“.

Само вчера наврнале речиси 50 литри дожд на квадратен метар.

Најкритична е состојбата на улицата „Мајка Тереза“, која е целосно под вода и во најголем дел затворена за сообраќај, а загрозени се и домаќинствата во околината.

Поплави во Сарај, механизацијата на терен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот