ВИДЕО: Чупиќ и Дибиров за петто финале на ППД Загреб во СЕХА лигата

ППД Загреб ја брка втората титула во СЕХА Газпром лигата/kolektiffimages/seha-liga.com

Уште пред мечот се знаеше дека Хрватска сигурно ќе има учесник во финалето годинава во СЕХА Газпром лигата.

Во првиот полуфинален натпревар на Фајнал-фор турнирот во Задар, екипата на ППД Загреб со 32:26 (16:11) славеше против Нексе.

ППД Загреб го обезбеди петтото финале во регионалното натпреварување, во својата досегашна историја само еднаш излезе како победник во битката за трофејот, и тоа во сезоната 2012/2013 на Ф4 турнирот во Скопје, а беше поразен во 2018, 2019 и 2021 година.

Најзаслужни за денешната победа беа екс играчите на Вардар 1961, Иван Чупиќ со седум и Тимур Дибиров со шест голови.

Играчите на тренерот Ивица Обрван за трофејот в недела ќе играат со победникот од втората полуфинална пресметка помеѓу Е. Пелистер и Веспрем (20.30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот