ВИДЕО | Чудо од дете: Има само 15 години и наскоро ќе дебитира за првиот тим на Милан

фото: принтскрин/youtube.com/@cbssportsgolazo

Поради Франческо Камарда, кој во март ќе наполни само 16 години, Милан побара и доби специјална дозвола за настап во Серија А. Ова може да се случи веќе во сабота против Фиорентина. Уште нема наполнето ни 16 години, а веќе тренира со првиот тим на гигантот Милан. И уште повеќе, оваа сабота тој би можел да стане најмладиот дебитант во историјата на Серија А.

Неговото име е Франческо Камарда, роден е на 10 март 2008 година и моментално е репрезентативец на Италија до 17 години. Со оглед на тоа што тренерот на Милан Стефано Пиоли го нема на располагање Оливие Жиру поради картони, како и повреди на Рафаел Леао и Ноа Окафор, посегна по напаѓачот на јуниорскиот тим.

И тој чекор беше голем за 15-годишник, но тој веќе постигна седум гола и двапати асистираше на 13 натпревари. До 14 години има постигнато неверојатни 500 гола за Милан или пет и пол по натпревар!?

Неговата мајсторија со ножички на натпреварот од младинската лига против ПСЖ го обиколи светот, а на Њукасл му даде хет-трик.

– Точно е, ќе го додадеме во тимот за натпреварот против Фиорентина. Тој е многу талентиран, а талентот не познава години. Ќе биде подготвен доколку ни треба – изјави Пиоли.

Пропозициите во Италија обично ги спречуваат оние помлади од 16 години да играат за сениорите, но направија исклучок за момчето кое веќе порасна и до 184 сантиметри и веќе според многумина е „новиот Златан Ибрахимовиќ“. Тоа е можно со согласност на регионалната федерација која даде зелено светло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот