ВИДЕО | Чудна и скапа опсесија: Виетнамец е вистинско „момче од злато“, носејќи сјаен накит во секоја пригода

Виетнамец опседнат со злато/Принтскрин/ТикТок
Виетнамец опседнат со злато/Принтскрин/ТикТок

Момче од Виетнам, кое има 29 години, одамна стана вирален хит на социјалната мрежа „Тик Ток“ поради својата опсесија со злато, но не само како украс. Тој имено, носи по неколку килограми тешки синџири околу вратот и на рацете и вози позлатен автомобил и мотоцикл.

Тран Дук Лои, претприемач од виетнамската провинција Ан Гианг, откако привлече огрмоно внимание во својата земја, стана и глобален феномен поради својата невообичаена опсесија со злато.

@ducloitran67agBuổi chiều nhẹ cùng ae tít tóc vui vẻ nha cả nhà♬ nhạc nền – Đức Lợi Trần

Имено, тој заработил пари од продажба на егзотични гуштери, а за да биде уште поуспешен, се третира себеси како„подвижно злато“, носејќи ги украсите, ланчињата и сите можни додатоци на себе, верувајќи дека тоа му носи среќа во работа.

„Во почетокот носев само по неколку парчиња накит, а потоа почнав да додавам уште повеќе. Почнав да чувствувам и тежина, но се навикнав на тоа. Се обидувам да ја пронајдам рамнотежата во сето ова, затоа што малите златни додатоци можат лесно да се уништат, додека пак дебелите се тешки за носење на подолг временски период.

@ducloitran67agVui nhẹ buổi chưa ae oi♬ nhạc nền – Đức Lợi Trần


Освен луксузниот накит кој го носи на речиси сите свои Тик-Ток видеа, Дук има и златен Лексус кабриолет, како и неколку златни мотоцикли. Како што вели, сите се позлатени, а самиот процес го чини и по неколку стотици милиони виетнамски донга.

„Го следам фенг-шуито затоа што имам златна судбина, така што таа ми одговара со бојата на златото што го носам“ – самоуверено вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот