ВИДЕО | Чуден облак се појави над турското небо: Изгледа како на филм

Чуден облак над Турција/ Фото Твитер

Жителите на Бурса утрово беа изненадени од необичен розов облак кој се појави на изгрејсонце. Иако изгледа како да крие вселенско летало зад себе, всушност се работи за природен феномен, односно лентикуларен (леќест) облак.

Овие облаци се познати по својата многу интересна заоблена форма, која навистина наликува на летечка чинија. Тие обично се формираат на надморска височина поголема од 2000 метри, над планини или некои поголеми пречки на површината на Земјата.

“Овие чудни облаци се познати по тоа што се формираат кога ветрот дува надолу по рид или планина. Тие изгледаат многу како летечки чинии од научна фантастика. Се верува дека леќестите облаци се едно од најчестите објаснувања за НЛО”, наведуваат од британската Метеоролошката служба, објави Дејли Мејл.

„Кога ветрот дува над планинскиот венец, понекогаш создава големи бранови на воздух, како брановите што се формираат во реката кога водата тече преку препрека. Ако има доволно влага во воздухот, движењето на бранот нагоре ќе предизвика водената пареа да се кондензира, создавајќи уникатен изглед на леќести облаци“, додаваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот