Фото: Принтскрин

ВИДЕО | „Чкембари“ во два часот по полноќ со огномет ги разбудија ракометарите на Вардар

Денеска од 18 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ се игра ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Како и што доликува на тим кој има шампионски амбиции, „црвено-црните“ допатуваа во градот на конзулите ден порано се со цел поодморени да го дочекаат мечот со „зелено-белите“.

Но сепак, сонот на вардарци им беше нарушен од „Чкембари“ кои во два часот по полноќ приредија пиротехничко шоу пред хотелот каде се сместени „црвено-црните“.

Битолчани заостануваат четири бода зад лидерот Вардар, кој има перфектен скор 15–0. Домашниот тим досега запиша две ремија и еден пораз, па затоа победата е императив доколку сака да остане рамноправен кандидат за титулата

 

Николовски и Металари ќе ја делат правдата на дербито меѓу Пелистер и Вардар

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот