ВИДЕО | Четворица Срби загинаа во сообраќајка во Германија

Четворица српски државјани загинаа во сообраќајкаво Германија, откако нивното „БМВ“ удри во приколката на камион со унгарски регистарски ознаки, а причината за несреќата сè уште ја утврдува германската полиција.

Четворица патници од автомобил „БМВ“ на возраст од 27, 31, 32 и 44 години претрпеле ужасни повреди, и починале на местото на несреќата. Нивниот автомобил бил целосно уништен, а како што објави портпаролот на германската полиција, сите тие имале германско државјанство.

Возачот на камионот (41), инаку унгарски државјанин, не бил повреден, но поради несреќата паднал во состојба на шок, поради што бил однесен со брза помош, пишува порталот pnp.de.

Возилата што учествувале во несреќата биле запленети за понатамошна истрага од Инспекцијата на сообраќајната полиција Регенсбург заедно со обвинителството.

Два хеликоптери слетаа на местото на несреќата што се случи вчера, а повикани се сообраќајни експерти со цел што побрзо да се разјаснат причините за несреќата. Според првите информации, на патот немало траги од сопирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот