Фото: Screenshot

ВИДЕО | Бура во Шпанија поради поранешниот српски репрезентативец: Што правеше додека Реал постигнуваше голови?

Во шпанската јавност и понатаму има реакции по натпреварот во кој Реал Мадрид со 3-2 славеше над Леганес, сега тема е српскиот фудбалер Матија Настасиќ.

Реал Мадрид во второто полувреме постигна двва гола со кои направи пресврт и во тие две ситуации Настасиќ како да не сакаше да реагира да спречи погодок.

Прво при голот кој го постигна Белингем беше прилично пасивен и недоволно агресивен во моментите кога англискиот фудбалер влета пред него и ја погоди мрежата.

Тешко може да се објасни и неговата реакција кога Мбапе погоди од слободен удар. Во тие моемнти поранешниот српски репрезентативец како намерно да се тргна и остави празен простор од каде што помина топката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот