ВИДЕО: Брозовиќ промовиран како нов играч на Ал-Наср

фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ (30) и официјално е нов фудбалер на Ал-Наср од Саудиска Арабија, во чии редови настапува Кристијано Роналдо.

Поранешниот фудбалер на Интер успеа да се договори за личните услови, но мораше да се согласи на помалку од 30.000.000 евра по сезона кои првично ги бараше.

Како што пренесува познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо, Брозовиќ потпишал договор на три сезони и ќе заработува од 27 до 28 милиони евра годишно. Брозовиќ на тој начин стана најплатениот хрватски фудбалер во историјата.

Преговорите меѓу двете страни траеја доста долго, а на крајот миланските „нераѕури“ ќе добијат 18.000.000 евра надомест.

По осум години одлучи да го напушти Интер, а во кариерата го носеше и дресот на Хрватски Драговољац, Локомотива и Динамо Загреб.

Со Интер успеа во сезоната 2020/2021 да ја освои Серија А, по двапати Купот и Суперкупот на Италија, а по еднаш беше финалист во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот