Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

ВИДЕО | Бритни Спирс се пресели во Мексико: „Папараците ми го изобличуваат лицето“

Бритни Спирс одлучи да се пресели од Соединетите Американски Држави. Пејачката на својот 43 роденден откри дека одлучила да се пресели во Мексико за да побегне од папараците.

„Навистина ме боли што папараците прават моето лице да изгледа како да носам бела маска. Тоа дури и не личи на мене“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by XILA MARIA RIVER RED (@britneyspears)

Таа додаде дека односот на папараците кон неа бил „исклучително злобен и суров“ и затоа се преселила во Мексико.

Бритни, која ги има синовите Шон (19) и Џејден (18) од бракот со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, беше снимена при слетувањето во Кабо Сан Лукас на 2 декември на фотографиите објавени од ТМЗ. Бритни беше видно расположена, облечена во бел мантил, црна капа и очила за сонце.

Бритни официјално се разведе за нејзиниот роденден. Разводот на Бритни со Сем Асгари беше финализиран во понеделникот.

Пејачката се запознала со Асгари, личен тренер и модел, за време на снимањето на спотот за песната „Slumber Party“. Тој беше главната машка ѕвезда. По снимањето, згодниот модел веднаш ги презел работите во свои раце и на пејачката ѝ го дал телефонскиот број.

Пејачката се омажи за Асгари, нејзиниот трет сопруг, пред две и пол години. Мадона, Донатела Версаче и Парис Хилтон беа на свадбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот