ВИДЕО: Бразилското фудбалско чудо потпишува за Барса, излезна клаузула од 500 милиони евра

Витор Роке („Атлетико Паранаенсе“)/фото: EPA-EFE/Hedeson Alves

Како што се најавува Барселона во јануари ќе добие нов напаѓач, станува збор за Витор Роке (18), кој пристигнува од бразилскиот фудбалски клуб Атлетико Паранаенсе. Овој трансфер веќе беше договорен минатото лето, а ќе се реализира на почетокот на следната година.

Барса за Роке ќе плати надомест од 30 милиони евра, со бонуси од 26 милиони евра.

Овие бонуси може да се реализираат во зависност од перформансите на играчот, како и резултатите на клубот. Бразилците ќе заработат пет милиони евра доколку Роке во дресот на Барселона се најде меѓу првите тројца во изборот за „Златната топка“. Договорот беше потпишан на осум години, а излезната клаузула е поставена на 500 милиони евра.

Роке оваа сезона за Атлетико Паранаенсе одигра 45 мечеви во сите натпреварувања. Тој постигна 21 гол и осум пати асистираше. Тој дебитираше за сениорската репрезентација на Бразил, а наскоро ќе стане дел од тимот на Чави и се очекува наскоро да дебитира.

Барселона заостанува дури седум бода зад Реал и Жирона, а овој трансфер можеби ќе им ја врати надежта за пресврт на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот