ВИДЕО: Бразилски политичари од градот Борба ги решиja проблемите со борба пред полна сала
Двајца бразилски политичари одлучиле своите проблеми да ги решат на доста необичен начин како за политичари, пренесува Гардијан.
Препорачано
Симао Пеишото, градоначалникот на градот Борба, кој се наоѓа во Амазонија, на околу 120 километри јужно од Манаус, добил удар во лицето од страна на поранешниот советник Еринеу да Силва, кој го повикал да го реши спорот со тупаници на улица.
Пеишото му рекол дека не е силеџија што се бори на улица, но му кажал дека ќе се бори со предизвикувачот во рингот.
Гардијан објави детален опис на тепачката во училишната сала исполнета, очекувано, до последното седиште. Иако влезот се плаќал, кој не би сакал да гледа како се тепа градоначалникот на неговиот град?
Во Бразил ништо не може да помине без религија – градоначалникот влегол во рингот обвиткан во пешкир на кој пишувало „Исус“.
Се започанло лошо, Пеишото (39) веднаш го соборил Да Силва (45) на подот, но тој набрзина се опоравил, па по три рунди градоначалникот едвај можел да оди, пренесуваат локалните медиуми. Да Силва победил со судиска одлука, што предизвикало незадоволство кај публиката.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
8час
-
9час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


