Домен Превц/EPA/FILIP SINGER

ВИДЕО | Без конкуренција: Домен Превц донесе злато за Словенија и на големата скокалница

Словенечкиот ас Домен Превц испиша историја освојувајќи златен медал на големата скокалница на Зимските Олимписки игри во Милано.

Превц по првата серија беше втор со извонреден скок од 147 метри, но во втората буквално „експлодира“ и прелета на фантастични 154,8 метри, што беше најдобар скок во финалната серија и доволен за највисокото место на пиедесталот.

Со вкупно 301,8 поени, Словенецот зад себе го остави Јапонецот Рен Никаидо, кој по првата серија водеше со скок од 154 метри. Сепак, во втората серија Никаидо потфрли со 141 метар, па со вкупно 295 бода мораше да се задоволи со среброто.

Бронзата замина во Полска благодарение на Кацпер Томасиак кој со третиот најдобар скок во втората серија собра 291,2 поени и обезбеди место на олимпискиот подиум.

За Превц, ова злато претставува круна на сезоната во која триумираше на четирите скокалници, а во овој момент е и лидер во ФИС Светскиот куп.

ВИДЕО | Двојно славје на Домен Превц во Вилинген

Уникатен подвиг на Словенците на ЗОИ 2026: Семејството Превц има дури четири члена со олимписки медали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот