ВИДЕО | Двојно славје на Домен Превц во Вилинген
Словенецот Домен Превц е победник и на вториот натпреварувачки ден во Вилинген, на 20 натпреварување во ски скокови оваа сезона.
Препорачано
Превц беше водечки и по првата серија и оствари победа со скокови од 147 и 152 метри, за кои доби 293 поени.
Победникот на новогодишната турнеја и освојувачот на светското злато оваа година, ја забележа својата 11 победа оваа сезона, 20-та во кариерата.
Како второпласиран, како и вчера, Јапонецот Рен Никаидо заврши со скокови од 142 и 152,5 метри, за кои собра 261,3 поени.
Подиумот го комплетираше Германецот Филип Рајмунд со скокови од 142,5 и 139,5, за кои доби 253,1 поен.
Превц убедливо го води вкупниот пласман на Светскиот куп со 1.614 поени.
Јапонецот Рјоју Кобајаши е втор со 989, додека неговиот сонародник Рен Никаидо е трет со 921 поен.
TOTALLY CRAZY! 🤯 Domen Prevc 🇸🇮 is out of this World 🚀#fisskijumping #worldcupwillingen pic.twitter.com/puXcJhqP4s
— Viessmann FIS Ski Jumping World Cup (@FISskijumping) February 1, 2026
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
9час
-
10час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


