ВИДЕО | Бекам ужива во бизарен и скап деликатес: Менаџер на луксузен ресторан го храни како мало дете

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Дејвид Бекам (48) на социјалните мрежи се пофали дека уживал на вечера во луксузен ресторан во Барселона, Шпанија. Поранешниот фудбалер дегустирал скапи, но и по малку бизарни деликатеси, а неговите обожаватели биле шокирани од цените на јадењата, пишува „Дејли мејл“.

Во видеото кое беше споделено на социјалните мрежи, Бекам јаде ретка и скапа морска храна, додека менаџерот на луксузниот ресторан го храни како мало дете.

Покрај видеото, Бекам на својот инстаграм-профил сподели и фотографии од чинија со ретките морски школки, наречени „персебес“ (патка-школки), кои се познати како најскапите на светот.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Имено, нивната цена се движи околу 100 евра за оброк, а во чинијата добивате од 15 до 20 школки. Тие се многу ретки и тешко се наоѓаат. Поради нивниот необичен изглед, тие се нарекуваат и прстите на Луцифер, а растат на тешко достапни карпи покрај океанот.

„Едно од моите омилени нешта за јадење кога е сезона во Шпанија“, напиша Бекам.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Да потсетиме, пред само неколку месеци беше објавен документарен филм за популарниот фудбалер, во кој зборува за својот живот, фудбалот и љубовта со сопругата Викторија. Со оглед дека Бекам заработи 72 милиони фунти по објавувањето на овој документарен филм, не му претставува проблем да ужива во овие ретки деликатеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот