ВИДЕО | Барселона со гол во 92. минута го победи Реал и дојде на чекор од титула!

Фото: EPA-EFE/Toni Albir

Најголемото шпанско дерби „Ел Класико“ вечерва во рамките од 26-тото во Ла Лига заврши со победа на Барселона која има огромно значење во битката за титулата.

Реал Мадрид прв дојде до водство со автоголот на дефанзивецот, Араухо уште во деветата минута. Барселона имаше негатива се до финишот од полувремето кога Серхи Роберто донесе изедначување..

Во второто полувреме и двете екипи имаа свои шанси. На десетина минути пред крајот Марко Асенсио се израдува на погодок, но по реакција на ВАР истиот беше поништен поради офсајд.

Голот кој можеби значи и титула за Барселона беше дело на Франк Кеси и тоа во 92-та минута. Пред голот на Кеси мора да се истакне и одличното додавање со пета на Левандовски до Балде кој испрати одлична во шеснаесетникот. Барселона со овој триумф веќе има 12 бода предност во Ла Лига и доаѓа на чекор од освојување на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот