ВИДЕО: Барса го слави Жоао Феликс кој постигна гол со „ножички“ против Кадиз

фото: EPA-EFE/Román Ríos

Фудбалерите на Барселона го совладаа Кадиз со 1:0 како гости во натпреварот од 31 коло во „Ла Лига“ Иако Барса играше во комбиниран состав пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ, успеа да освои бодови на патот кон Кадиз кој се бори за опстанок во шпанското првенство.

Првата шанса за игра домашните ја имаа во 22 минута преку Ернандез, но голманот на Каталонците Марк-Андре Тер-Штеген беше на висина на задачата. Барса поведе 15 минути подоцна кога Алонсо испрати центаршут од корнер, а топката стигна до Жоао Феликс, кој акробатски ја испрати топката во домашната мрежа.

Феликс беше во центарот на вниманието и на минута пред крајот на првото полувреме кога со глава ја упати топката до Феран Торес, шпанскиот репрезентативец ја испрати топката зад домашниот голман Ледесма, но на гол-линијата интервенираше дефанзивецот на Кадиз, Чуст.

Во вториот дел Барселона рутински ја сочуваше стекнатата предност. Каталонците имаа шанси да го удвојат водството преку Феликс, Јамал, Кристенсен и Торес, но на крајот само еден гол им беше доволен да се радуваат.

Второпласираната Барса вечерва стигна до 70 бода, осум помалку од лидерот Реал, додека Кадиз е на 18 позиција со 25 бодови.

ВИДЕО: Еврогол на Чуамени во новиот триумф на Реал во „Ла Лига“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот