Барон Трамп на инаугурацијата на Доналд Трамп/Фото: EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL

ВИДЕО | Барон Трамп го украде шоуто на инаугурацијата на Трамп, се ракуваше со Џо Бајден

Едно од најозборуваните лица по инаугурацијата на Трамп беше неговиот син Барон Трамп, бидејќи тој беше единственото од четирите деца на новиот американски претседател што беше веднаш зад него во текот на целата церемонија, додека неговите браќа стоеја подалеку.

Позицијата што ја зазеде најмладото од децата на 47-от американски претседател на церемонијата на Капитол Хил дополнително го поттикна долгогодишните муабети дека тој ќе биде наследник – во политиката – на Трамп.

Во видеото објавено на X, може да се види импозантниот 2 метри висок Барон Трамп како гледа во толпата и учтиво се смешка на оние кои го поздравуваат додека зад него стои мермерна статуа на генералот Грант.

Масло на огнот додаде потегот на Барон Трамп да им пријде на претседателот во заминување Бајден и неговата сопруга и да размени зборови со нив – единственото од децата на Трамп.

Многумина, всушност, ја истакнаа неговата реакција, во однос на онаа на Илон Маск, кога Доналд Трамп ја спомна намерата на САД да испратат луѓе на Марс.

„Тој е подготвен“, „ќе биде претседател во иднина, гарантирам“, „погледнете го идниот претседател на САД, Барон е семоќен“ беа дел од коментарите за 18-годишникот, кој, сепак, според американскиот закон, ќе има шанса да се кандидира за Белата куќа по 17 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот