ВИДЕО: Барди блескаше со два гола за Трабзонспор во турската Суперлига

фото: instagram.com/trabzonspor

Во рамките од третото коло во најсилното турско првенство составот на Трабзонспор загуби со 5:2 на гостувањето кај Анталијаспор.

Од 14 минута водеа домаќините со голот на Фернандо, а од пенал во 40 минута предноста ја зголеми Рајт. Во 43 минута во игра влезе новото летно засилување на Трабзонспор, македонскиот репрезентативец Енис Барди кој блескаше на овој меч, иако на крајот неговата екипа беше поразена.

Најпрвин непосредно пред паузата (45+5`) намали нашиот играч на 2:1 после асистенцијата на Корнелиус. Следуваше прекрасен гол на Барди во 73 минута за одржување на шансите на неговиот тим да извлече поволен резултат. Тие се првите два гола на репрезентативецот на Македонија во дресот на Трабзонспор.

Гостите по израмнувањето се обидоа да направат целосен пресврт, но безуспешно. Сите карти беа фрлени во нападот, но се остави голема празнина во гостинската одбрана, а тоа знаеше да го казни и искористи Анталијаспор.

Во 81 минута во контранапад Бајракдар ги израдува своите навивачи за враќање на предност на домаќинот (3:2). Сите дилеми околу победникот беа решени во судиското надополнување кога во мрежата на Чакир повторно стрелаше Бајракдар (90+6`) и уште еднаш Рајт (90+8`).

Следниот меч во шампионатот на Турција Трабзонспор ќе го има на 28 август дома против Галатасарај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот