ВИДЕО | Бака Прасе се пофали со новиот стан од 1.000.000 евра: Погледнете како изгледа

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб - Инстаграм

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе ги изненади своите следбеници со најновото видео кое го сподели на својот Јутјуб канал, а во кое го покажува својот нов стан во Белград за кој како што вели платил неверојатни 1.000.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

„Ало сиромав, не можеш да влезеш во мојот двор. Дворот е бомба, обезбедувањето е лудо, се е покриено со камери“, вели Богдан Илиќ, во видеото, а потоа ја отвора вратата од неговиот нов дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

Бака го снимил секој дел од луксузниот простор во кој ќе живее со неговата сакана Ана во ексклузивната населбата „Белград на вода“ – монументален проект на урбана ревитализација, кој на српската престолнина ѝ даде нов, модерен и светски лик.

„Конечно го менувам станот, мислам дека е време уште малку да го подобрам квалитетот на животот“, изјави Богдан воодушевувајќи се од секој детаљ во неговиот нов дом.

Илиќ ја покажа терасата со поглед на Сава и заклучи дека „добро е да си богат“.

„Готово е, нема да се срамам од тоа што го работев и заработив за овој стан! Сега ми велиш дека станот е лудница… Па да, затоа што чинеше 1.000.000“, изјавил  Илиќ.

ФОТО | Запален ресторанот на Бака Прасе: Јутјуберот тврди дека некој фрлил молотов коктел

ФОТО | Поранешната девојка на Бака Прасе со провокативни фотографии „плаче“ за завршената врска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот