ФОТО | Запален ресторанот на Бака Прасе: Јутјуберот тврди дека некој фрлил молотов коктел

Фото: Инстаграм/Бака Прасе

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се реши да се испроба во светот на угостителството и го отвори својот ланец ресторани за брза храна „Кај Бака“. Но, денес српските медиуми објавија дека ресторанот на ул. „Тошин бунар“ изгорел во пожар во текот на вчерашната ноќ.

Јутјуберот тврди дека синоќа во неговиот локал бил фрлен молотов коктел, кој предизвикал пожар.

„Не можат клошарите да изгорат толку локали колку што јас можам да отворам“, напиша тој на Инстаграм и најави дека ќе отвори ресторан на нова локација, на ул. „Гоце Делчев“ во Белград.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Како што објави „Нова“, сѐ околу ресторанот и внатре во него мирисало на изгорено, влезната врата и прозорците биле целосно уништени, а изгорен бил и знакот „Кај Бака“.

„Штетата е огромна, ресторанот нема да работи најмалку пет дена. Многу хејтери. Страшно. Некој фрлил нешто запалливо во текот на ноќта“, изјавил вработен во ресторанот за „Нова“.

Случајот бил пријавен во полиција и се трага по сторителот на делото.

Повеќе на темата:

„Се смиривме“: Бака Прасе и Ања Бла ја обновија врската, јутјуберот ѝ подари прстен од 6.900 евра

Јутјуб-каналот на Бака Прасе е избришан

Бака Прасе скршен од болка: Смртта на Кика и разделбата со Ања ме уништија психички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот