ФОТО | Јутјуб-каналот на Бака Прасе е избришан

Фото: Принтксрин - Јутјуб

Јутјуб-каналот на Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, е официјално избришан од платформата. Неговиот татко, свештеникот Ненад Илиќ, дознал за тоа од медиумите.

„Сѐ уште не сум се слушнал со Богдан. Ги прочитав вестите, но не знам што се случува. Морам да видам, да размислам и да разговарам со него, па потоа ќе го искажам својот став во врска со ова. Моментално, немам коментар“, изјавил Ненад Илиќ за „Нова“.

Богдан Илиќ се огласи со неколку објави на социјалната мрежа Инстаграм, во кои на кратко ја објасни причината поради која е избришан неговиот јутјуб-канал.

„Збогум на каналот на Бака Прасе“

Фото: Скриншот, Инстаграм

„Добив три пријави за авторски права. Каналот ми е избришан. Добив пријави на видеата каде што сум гостувал на телевизија Пинк пред четири, пет години. Не може пониско од ова“, сподели Илиќ.

Фото: Скриншот, Инстаграм

Како потсетување, неговиот јутјуб-канал е избришан среде конфликтот со сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ. Младиот јутјубер најавуваше дека ќе објави документарен филм за Митровиќ на 1 октомври годинава.

Исто така, Сојузот на комунистичката младина на Југославија неодамна побара бришење на неговиот канал на Јутјуб.

„Сојузот на комунистичката младина на Југославија е згрозен од интернет насилството што го пропагира Богдан Илиќ и ќе покрене петиција за бришење на неговиот јутјуб-канал. Ја повикуваме јавноста да нѐ поддржи со свој потпис“, стоеше во нивното соопштение.

Низ годините, Богдан Илиќ беше вмешан во бројни скандали. Меѓу другото, на крајот од минатата година, тој беше обвинет дека е еден од виновниците за смртта на младата инфлуенсерка Кристина Ѓукиќ Кика.

Пред да му биде избришан каналот, тој имаше повеќе од два милиони претплатници на Јутјуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот