ВИДЕО | Бака Прасе донираше милион динари на прифатилиштето за кучиња во кое инфлуенсерките го оставија Беки

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Јутјуберот Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, реши да му помогне на Никола од Србобран, кој има прифатилиште за кучиња.

На Никола му стигнал данок од 1.762.514.93 динари за собирање кучиња скитници, за што ги известил своите следбеници на социјалните мрежи, бидејќи немал доволно пари да плати.

Во една од објавите на Инстаграм тој објавил дека некој човек му помогнал и донирал милион динари. Неколку часа по него, на Инстаграм се појави и Бака Прасе која објави слика со Никола, кого го изненади и му донесе помош во вид на храна и пари.

Тој ја искористил приликата за да го посети кучето Беки, заедно со пејачката Барбара Бобак.

Да потсетиме, фитнес близначките го оставија кучето Беки во прифатилиште откако сфатија дека немаат време да се грижат за него.

Подоцна Бака Прасе објави сè на својот канал на Јутјуб и го покажа моментот кога на Никола му подарил куфер со пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот