ВИДЕО | Бајден најави рекордна испорака на оружје во Украина, над 600 тенкови

Џо Бајден на прес конференција во Мадрид/Фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Американскиот претседател Џо Бајден денеска на прес-конференција во Мадрид го објави новиот пакет американска воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари.

Тој, исто така, најави дека коалицијата од повеќе од 50 земји ширум светот ќе испрати огромно количество оружје во Украина.

„Нашиот министер за одбрана собра повеќе од 50 земји, кои ветија дека ќе испратат оружје во Украина. Тоа е глобален напор за поддршка на Украина. Станува збор за речиси 140.000 противтенковски системи, повеќе од 600 тенкови, речиси 500 парчиња артилериско оружје, повеќе од 600.000 парчиња артилериска муниција и напредни повеќецевни ракетни фрлачи, противбродски ракети и системи за противвоздушна одбрана“, рече Бајден на прес-конференција во Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот