ВИДЕО: Баерн не ја дава титулата, Унион Берлин славеше во дербито за Лигата на шампионите
Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа Шалке со 6:0 во 32 коло од Бундес лигата. Баварскиот гигант денеска пред своите навивачи сигнализираше за излез од кризата со убедлива победа и направи нов голем чекор кон одбрана на титулата во најсилното германско првенство.
Препорачано
Веќе на полувремето Баерн имаше два гола предност откако Милер го отвори резултатот, а неколку минути подоцна одбраната на Шалке уште еднаш капитулираше. Брунер несмасно реагираше, а Баерн доби пенал кој Кимих го претвори во гол за 2:0.
Во вториот дел Гнабри двапати се запиша во листата на стрелците, а по еднаш Тел и Мазрауи.
Дербито на колото се одигра во Берлин, каде Унион го пречека Фрајбург во натпревар кој ги одлучува учесниците во Лигата на шампионите следната сезона.
Унион Берлин триумфираше над Фрајбург со 4:2, за домаќините двапати стрелаше Бекер, по еден погодок запишаа Бехренс и Лаидуни, а на спротивната страна погодоци постигнаа Гулде и Грифо од пенал.
Серијата лоши резултати ја прекина Ајнтрахт во Франкфурт кој го надигра составот на Мајнц со 3:0.
Бундес лига, 32 коло
Баерн Минхен – Шалке 6:0
Бохум – Аугсбург 3:2
Ајнтрахт Франкфурт – Мајнц 3:0
Унион Берлин – Фрајбург 4:2
Волфсбург – Хофенхајм 2:1
Табела: Баерн Минхен 68 бодови, Борусија Дортмунд 64, Унион Берлин 59, Лајпциг 57, Фрајбург 56, Волфсбург 49, Баер Леверкузен 48…


