ВИДЕО: Баерн на чекор до титулата по рутинскиот триумф над Арминија

Фудбалерите на Баерн се наоѓаат на само еден бод од освојување на нова титула во Бундеслигата/ фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Фудбалерите на Баерн Минхен славеа на гостувањето кај Арминија Билефелд со 0:3 во рамки на 30 коло од Бундеслигата.

Со новите три бода, баварците на четири кола до крајот на сезоната имаат девет бода повеќе од Борусија Дортмунд која во следното коло гостува токму на „Алијанц“ Арената во Минхен.

Баерн поведе со автоголот на Јакоб Лаурсен во 10 минута, а во последните моменти од првиот дел Серж Гнабри го зголеми водството на баварците.

Конечниот резултат го постави Мусиала на пет минути до крајот на натпреварот и тоа по асистенцијата на Роберт Левандовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот