Фото: FC Bayern München

ВИДЕО | Баерн Минхен го победи Штутгарт и по 35. пат стана шампион на Германија

Баерн Минхен ја продолжи својата доминација во германскиот фудбал, откако со победата од 4-2 против Штутгарт и официјално ја обезбеди шампионската титула, вкупно 35-та во клупската историја.

„Баварците“ се недостижни на врвот четири кола пред крајот, со дури 15 бодови предност пред Борусија Дортмунд. Ова е првиот трофеј сезонава за тимот од Минхен, кој останува во игра и за Купот на Германија и Лигата на шампионите, каде што веќе е во полуфиналето.

На „Алијанц Арена“, пред преполни трибини, Штутгарт прв дојде до водство преку Фихрих во 21. минута, но тоа беше сигнал за реакција на домаќините. Во препознатлив стил, Баерн направи експресен пресврт со три погодоци во периодот од 31. до 37. минута, кога мрежата на гостите ја погодија Гереиро, Џексон и Дејвис.

Победата и шампионската титула беа практично осигурани, а Хари Кејн ја круниса одличната сезона со својот 32-ри погодок, ставајќи крај на кратката голгетерска пауза.

Во самиот финиш, Штутгарт успеа само да го ублажи поразот преку Андрес, додека во Минхен веќе започна големото славје за новата титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот