ВИДЕО: Арсенал ја „прегази“ Севиља, гол-шоу на Габриел Жезус

Арсенал во „Емирати купот“ ја декласираше шпанската Севиља/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Во рамките од „Емирати купот“ денеска Арсенал ја играше практично генералната проба пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

„Топчиите“, во чии редови капитен беше Одегард, со убедливи 6:0 ја совладаа шпанската Севиља, а хет-трик псотигна новото засилување Габриел Жезус.

Во текот на првото полувреме Сака ја отвори гол серијата од пенал во 10 минута, а само 180 секунди подоцна Жезус го реализираше првиот погодок за водство од 2:0.

Во 15 минута следуваше и вториот гол на Жезус после асистенцијата на Мартинели, а по вторпат во листата на стрелците се запиша и Сака (19`).

За 5:0 се погрижи Жезус во 77 минута, а конечниот епилог го постави Нкетиа во 89 минута по додавањето на Одегард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот