ВИДЕО: Аргентина се збогува со фудбалскиот великан!

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Луѓето плачат, фрлаат цвеќиња, дресови и шалови покрај ковчегот со телото на Диего Армандо Марадона.

Славниот аргентински великан вчера почина на 60-годишна возраст, а направена е и прелиминарната обдукција.

Заминувањето на великанот го потресе целиот фудбалски и спортски свет. Најтешко им е секако на Аргентинците кои започнаа да се збогуваат со Марадона пред зградата на Претседателството.

Ковчегот на Марадона е изложен во „Розовата куќа“ (Каса Росада) и во следните 48 часа граѓаните на Аргентина ќе имаат можност да се простат од него. Илјадници луѓе веќе се собраа неколку часа порано за да добијат шанса да се поздрават со нивниот идол за последен пат.

Напнатоста е голема пред влезот, а во еден момент дел од луѓето ја пробија оградата и влегоа во клинч со полицијата и обезбедувањето кои се обидуваат да спречат инциденти.

Не сум комунист, туку Фиделист: Марадона почина на ист ден како и на политичарот на кој му се воодушевуваше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот