ВИДЕО: Араухо во финишот донесе радост за Барса против Реал Сосиедад

Роналд Араухо е херојот на Барса против Реал Сосиедад/фото: EPA-EFE/JUAN HERRERO

Во дербито на 12 коло во „Ла Лига“ на стадионот „Реал арена“ во дуелот меѓу Реал Сосиедад и Барселона славеа гостите со 1:0.

Единствениот гол го постигна Роналд Араухо во судиското надополнување (90+2`).

Каталонскиот гигант после оваа победа дојде до 27 бодови и се наоѓа на третото место, додека Реал Сосиедад е на шестото место со 19 бодови.

Во саботата Бетис со 2:0 ја совлада Мајорка, ремизираа Селта и Севиља (1:1), а Жирона со 2:4 беше подобра од Осасуна.

Во недела ќе се одиграат четири мечеви Алавес – Алмерија, Валенсија – Гранада, Виљареал – Атлетик Билбао и Реал Мадрид – Рајо Ваљекано, а во понеделник уште еден натпревар меѓу Хетафе и Кадиз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот