ВИДЕО: Антверп, Копенхаген и ПСВ во групите на Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/OLAF KRAAK

Се дознаа уште три екипи кои ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите, тие се Антверп (Белгија), Копенхаген (Данска) и ПСВ (Холандија). Истото, но во вторникот го направија Галатасарај (Турција), Брага (Португалија) и Јанг Бојс (Швајцарија).

Во групите на Лига Европа ќе продолжат Молде (Норвешка), Панатинаикос (Грција), Макаби Хаифа (Израел), АЕК Атина (Грција), Ракув (Полска) и Ренџерс (Шкотска).

Антверп и на реваншот од плеј-офот во ЛШ на гостински терен успеа да го совлада грчкиот АЕК овојпат со 2:1, а на првиот дуел беше 1:0.

Недоволно беше ремито на полскиот Ракув (1:1) на гостувањето кај Копенхаген. Данците слават по овој двомеч благодарение на победата од првиот натпревар со 1:0.

По нерешените 2:2 во првиот дуел во Шкотска, холандскиот ПСВ на возвратната пресметка во Ајндховен го декласираше Ренџерс (5:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот