ВИДЕО | Американскиот музичар Реј Џеј ги соопшти прогнозите на докторите: „Срцето ми работи со 25 отсто, 2027 година е дефинитивен крај за мене“
Американскиот пејач и реалити ѕвезда Реј Џеј ја вознемири јавноста откако отворено проговори за својата здравствена состојба, откривајќи дека, според лекарите, му преостануваат уште само неколку години живот. Во видео објавено во вторникот навечер, 45-годишниот Реј Џеј изјави:
Препорачано
„2027 година е дефинитивно крај за мене. Така велат докторите“.
Видливо потресен, тој ја спушти главата во рацете, додека негов пријател се обидуваше да го охрабри и му велеше да не ги прифаќа таквите прогнози.
View this post on Instagram
Пејачот призна дека со години живеел премногу интензивно, истакнувајќи дека дал сè од себе за своето семејство. Нагласи дека неговата поранешна сопруга Принцес Лав и нивните две деца ќе бидат финансиски обезбедени, додавајќи дека можат слободно да ги трошат парите што тој ги оставил зад себе. Исто така, изрази желба по смртта да биде кремиран, а не погребан.
Реј Џеј им се заблагодари на родителите и на својата сестра, пејачката Бренди, кои, како што вели, му помогнале во лекувањето и ги презеле трошоците за неговата медицинска нега до крајот на годината.
Неколку дена претходно, во друго видео, пејачот откри дека неговото срце моментално функционира со само 25 отсто.
„Моето срце работи само со 25 отсто, но сè додека останам фокусиран и на вистинскиот пат, сè ќе биде во ред. Ви благодарам за сите молитви“, рече тој.
Според информациите на „ТМЗ“, Реј Џеј на почетокот на јануари бил примен во болница поради тешка воспаление на белите дробови, откако почувствувал силни болки во пределот на срцето. Сличен здравствен проблем имал и во 2021 година, кога исто така бил примен во болница во Мајами.
Покрај здравствените проблеми, пејачот се соочува и со бројни приватни и правни предизвици. Во септември тврдеше дека подготвува тужба против Ким Кардашијан и Крис Џенер, обвинувајќи ги за манипулации поврзани со објавувањето на неговото секс-видео од 2007 година. Тие возвратија со тужба за клевета, по што Реј Џеј поднесе контратужба.
Во декември минатата година повторно се најде во фокусот на јавноста откако беше уапсен поради наводни закани со оружје за време на расправија со неговата сопруга Принцес Лав, која во февруари 2024 година по четврти пат поднесе барање за развод.


