Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

ВИДЕО | Американскиот „Кадилак“ е нов тим во Формула 1

Нов член на „најбрзиот циркус“ од 2026 година ќе биде познатиот американски „Кадилак“, соопшти Формула 1 организацијата.

Светската автомобилска федерација (ФИА) и Ф1 дадоа конечно одобрение за тимот на Кадилак да им се приклучи на Ферари, Мекларен, Ред Бул и други, а тимот, поддржан од TWG Motorsports и General Motors, ќе влезе во натпреварувањето во 2026 година.

Во петокот, ФИА и управата на натпреварувањето објавија дека новиот тим ги исполнил сите услови за да се приклучи на Формула 1 и да стане 11-та екипа во шампионатот.

Претходно беше најавено дека новиот тим во Формула 1 ќе користи мотори на Ферари во својата дебитантска сезона.

Новиот тим е заеднички проект на Џенерал Моторс, Ден Торес, сопственик на американскиот тим „Андрети Глобал“ и Марк Волтер од „ТВГ“, кои се клучни инвеститори.

Поранешниот возач на Индикар и Формула 1, Мајкл Андрети, повеќе не е вклучен во тимот што го основал, додека неговиот татко Марио, светскиот шампион од 1978 година, ќе биде ангажиран како советник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот