ВИДЕО: Aмериканки се маскирале во старици за да се вакцинираат 

Aмериканки од сојузната држава Флорида се маскирале во старици за да добијат втора доза од вакцината, јавуваат американските медиуми.

Како што извести Уредот за јавно здравје на округот Оринџ на Флорида две жените на возарст од 44 и 34 години стигнаа на местото на вакцинација носејќи капи, ракавици и наочари, за да ги прикријат своите години.

Директорот на бирото за јавно здравје на округот Оринџ др. Раул Пино рече дека двете жени имале потврда дека примиле прва доза од вакцината. Но, втората доза не успеале да ја добијат бидејќи здравствените работници се посомневале во исправноста на нивните документи.

Здравствените власти не знаат како успеале да дојдат до првата доза на вакцината и дали и тогаш се облекле како  старици.

Погледнете го видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот