ВИДЕО: Ајверсон е воодушевен од Лилард: Тој е како сериски убиец, ќе направи сè за да ве победи

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Ален Ајверсон кој е еден од најдобрите 50 кошаркари во историјата на НБА лигата,  има само пофални зборови за бекот на Портланд треилблејзерс, Демиен Лилард.

Ајверсон чиј прекар е „одговор“ поради начинот на кој играше, обожува да го гледа Лилард на НБА паркетите и во подкастот за „Бличер рипорт“ тврди дека бекот на Портланд толку добар што го нарече сериски убиец.

– Лилард е монструм. Погледнете го Стеф Кари кој е опасен, но со Демиен е друга приказна. Тој на теренот е едноставно безобразен, пол со непочитување и ќе стори се на теренот, ќе даде кош од половина терен ако е потребно, ќе шутне преку тројца играчи за победа. Лилард не се плаши од ништо на теренот, тој не е убиец туку е сериски убиец – рече Ајверсон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот