ВИДЕО I Ескалираа протестите во Мјанмар: Полицијата ги растерува демонстрантите со водени топови, гумени куршуми и боева муниција

Фото: twitter

Полицијата во Мјанмар одговори на протестите со употреба на водени топови, на гумени куршуми и на боева муниција во обид да ги задуши демонстрациите по минатонеделниот воен удар. Една жена е во критична состојба, јавија светските медиуми.

Десетици илјади незадоволни граѓани излегоа на улиците во знак на протест против забраната за митинзи и воениот удар.

Последните денови полицијата користеше претежно водени топови за растерување на демонстрантите, но денеска ситуацијата ескалира. Полициските сили пукаа претежно во воздух, користејќи гумени куршуми и боева муниција.

Четири лица се пренесени во болница во главниот град Наипидо. Според лекарите, тие биле ранети со гумени куршуми. Една жена била погодена во главата и според лекар од локална болница, таа веројатно нема да преживее, бидејќи била застрелана со боева муниција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот