Ви паѓа косата? Овие 4 утрински навики можат да бидат причина, открива докторката

опаѓање коса
Фото: Профимедиа

Веруваме дека и самите сте свесни за фактот дека навиките што ги практикувате по будењето можат да имаат влијание врз остатокот од денот.

Можеби наутро медитирате, можеби долго се туширате или подготвувате вкусен појадок. Што и да е во прашање, може да го одреди целиот ден. Истото важи и за утринската нега на кожата и косата. Ако сакате здрава, сјајна и силна коса, а секогаш ја миете наутро, некои навики можат негативно да влијаат на неа, открива д-р Ању Метил, дерматолог.

1. Ја сушите мократа коса со крпа

Кога косата е влажна, таа е многу чувствителна, па грубото триење со крпа ќе доведе до оштетување и губење на косата, а исто така, може да ги отстрани и природните масла што се наоѓаат на неа, вели д-р Мерхил.

„Премногу силно триење на косата со крпа во таа чувствителна состојба може да предизвика и непослушна коса, но секако предизвикува стрес и оштетување.

Кога ја миете косата, прво нежно исцедете ја целата преостаната вода со крпа и оставете ја на главата да го впие остатокот од течноста.

2. Употребувате загреани апарати на мокра коса

Сушењето на косата со фен или пегла наутро може да доведе до зголемено оштетување и истенчување на косата.

„Високите температури ќе ја уништат целата влажност на косата, па таа ќе остане сува и без сјај. Освен тоа, треба да бидете свесни дека таквата сува коса полесно ќе се крши и ќе опаѓа“, наведува докторката и советува никогаш да не користете силна топлина на мокра коса ако сакате да спречите проблеми. Таа додава дека наместо да користите фен или пегла, прво оставете ја косата сама да се исуши околу 30 минути, а потоа можете да го користите фен без грижа на совест. Немојте да го држите блиску до косата и претходно нанесете производи кои ја штитат од топлина.

3. Водата со која ја миете косата е врела

Врелата вода ќе го исуши и темето и ќе ги уништи сите природни масла и влага, наведува д-р Метил.

„Врелата вода е причина за ослабен корен на косата, таа ќе биди непослушна, поподложна на кршење и на крајот ќе дојде до опаѓање“, објаснува докторката.

Врелата вода е забранета, нагласува таа, но и ладната исто така, бидејќи нема да помогне да се отстранат маснотијата и нечистотиите од косата, а темето ќе остане нечисто. Користете млака вода која ќе ви помогне при отворањето на фоликулите на косата, чистењето и отстранувањето на вишокот маснотии, а косата ќе биде сјајна и лесно ќе ја направите фризурата што ја сакате. Исто така, се советува кога ја миете косата да користите малку поладна вода за да ви остане сјајна.

4. Косата ја четката веднаш по миењето

Иако е логично да посегнете по четка по миењето на косата, д-р Метил смета дека четкањето на влажната коса е една од главните причини за пукање и оштетување на косата. Влажната коса е поподложна на кршење, а тоа ќе доведе до уште поголемо опаѓање на косата. Докторката наведува дека порите на темето се веќе отворени кога ја миете косата, што значи дека таа е многу чувствителна, а со чешлањето само дополнително ќе ја оштетите. Сето ова може да доведе до зголемено опаѓање на косата. Затоа, кога косата ви е влажна, избегнувајте грубо четкање, оставете ја малку да се исуши сама, а процесот можете да го забрзате со претходно отстранување на вишокот на влага со крпа.

Како што на кожата ѝ е потребна хидратација во зима, така и на косата. За да ја хидрирате косата неопходно е да ја хидрирате однадвор, но и одвнатре. Затоа, погрижете се да пиете доволно течности секој ден.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот