МНОГУ ВИ ОПАЃА КОСАТА? Проверете дали ви се нарушени ОВИЕ хормони!

Губењето на косата најчесто е предодредено генетски, без разлика дали се работи за маж или жена, но постојат и други фактори кои може да бидат причина за тоа.

Понекогаш се работи за лоша или недоволна грижа, а некогаш може да биде последица и на одредена болест или хормонално нарушување.

Овие четири хормони се најмногу поврзани со губењето коса:

Тестостерон

Тестостеронот често е поврзан со ќелавоста кај мажите. Ова поточно важи за типот дихидротестостерон, кој предизвикува заслабнување на фоликулите и опаѓање на влакната. Покачувањето на тестостеронот кај жените исто резултира со опаѓање на косата со различни интензитети.

Тироидни хормони

Тироидните хормони се одговорни за метаболизмот, но и се тесно поврзани со квалитетот на влакната на косата, особено кај жените. Најчести симптоми на хипотироидизам се сувата кожа, кршливите нокти и губењето на косата.

Инсулин

Покаченото ниво на инсулин, а без дијагностициран дијабетес, е симптом на синдромот на полицистични јајници, кој е една од најчестите хормонални абнормалности кај жените. Покачениот инсулин, односно хиперинсулинемијата, предизвикува губење на коса, создавање акни и зголемена телесна тежина. Кај мажите хиперинсулинемијата исто така предизвикува опаѓање на косата.

Естроген

Нарушувања во балансот на естрогенот е исто така причина за опаѓање на косата. Многу жени се соочуваат со ваков проблем во текот на бременоста, кој се враќа во нормала неколку месеци по породувањето. Слично се случува и со жените во почетокот на менопаузата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот