Ви го претставуваме виното ВРАНЕЦ 2019 од Стоби

Стоби вранец“ – ВРАНЕЦ 2019, има темна рубин боја, со нагласена арома на боровинки испреплетена со мириси на вишна и ванила. Робустно, полно, концентрирано, богато со пријатни танини. Типичен балкански претставник соодветен за дозревање во шише. Најдобро е да се служи на 15- 18°C со печено свинско, телешко, дивеч, македонски тави и силни ароматични сирења. Бербата е од сопствени плантажи.

Вински ноти

Боја: длабока рубин црвена боја

Ароми: овошно-зачински ароми со впечатливи ноти на црвени шумски овошја

Вкус: полн вкус со овошно-зачински ароми и цитрусни подтонови

Винарска белешка: „Стоби вранец“ е темпераментно и раскошно црвено вино со нескротливи ароми и кадифени танини

Комбинација со храна: се препорачува да се консумира во комбинација со печени меса, деликатесни македонски тави, и зреено сирење

Служење: препорачуваме служење на температура од 15-18°C

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот