Вевчански карневал: Игор Џамбазов, „Нокаут“ и Наум Петрески, главни ѕвезди оваа година

Фото: Промо

На денешната прес-конеференција по повод Вевчанскиот карневал на која свое обраќање имаа Спасе Кочовски, градоначалник на Општина Вевчани, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура и Игор Џамбазов, домаќин и промотор на овогодинешниот Вевчански карневал, беше кажано дека во петок 12 јануари со почеток на музичката програма во 20 часот започнува Вевчанскиот карневал, едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица.

Прес за вевчански карневал / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Со векови наназад се провлекува ова чествување на празникот, каде Вевчанци се маскираат во очи на дочекот на Нова година по стариот календар.

Покрај традиционалните маски на Глупи Август, зетот и невестата, секоја година се наоѓаат маски кои директно ја исмеваат или презентираат дадената ситуација или личност која ја одбележаа минатата година.

На големата сцена оваа година посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Јанг Дади, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Наум Петрески со Фолк мерак Лајф, како и локалните музичари Перо Бели и Коки Биоритам, но и Оркестарот со зурли и тапани – Вевчани.

Сето ова е само надополнување на главниот настан на карневалот, дефилето на маските кое се случува на 13-ти Јануари во попладневните часови. Тогаш цело Вевчани станува еден голем театар на отворено и сета енергија на василичарите се впива во преубава атмосфера.

Фото: Промо

Вевчанскиот карневал е вековна традиција и белег на Македонија. Василица, според Грегоријансикот календар е Нова Година, а во Вевчани таа се прославува со изобилство на храна, вино и музика, како и со традиционалниот карневал, кој според пишани извори датира уште од шестиот век и се смета дека е најстар карневал во Европа, па и во светот. Карневалот поради својата таинственост, архаичност и импровизација се разликува од останатите карневали. Учесниците на карневалот имаат целосна слобода да го испревртат светот наопаку и со своите маски да го исмејат светот во кој живееме. Карневалот повикува да излезете од својата кожа и за миг да бидете некој друг.

Останува да ве поканиме да бидете дел од Вевчанскиот карневал од 12-ти до 14-ти Јануари каде со василичарското оро и палењето на маските завршува настанот.

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот