Ветеранот Рики Рубио го напушта Кливленд и се враќа во Шпанија?

Фото: EPA-EFE/MARISCAL

Рики Рубио го напушта Кливлендм, објави денес познатиот новинар на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски.

Во редовите на Кливленд Рубио стигна како ветеран со цел да биде лидер на подмладениот тим и на почетокот се одеше според планот, се до повредата на предмиот вкрстен лигамент на левото колено во 2021 година.

Поради таа повреда мораше да паузира една година, а до тој момент имаше просек од 13.1 поени и 6.6 асистенции по натпревар за 28.5 минути поминати на паркетот. Неговата повреда беше тежок удар за Кливленд кој на почетокот му даваше поддршка, но како што времето минуваше разделбата стануваше се позивесна.

Соработката беше раскината во договор помеѓу двете страни. Засега најавите се дека ќе се врати во Шпанија, но имиња на клубови не се споменуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот