Кеисуке Хонда/EPA/KITH SEREY

Ветеранот Кеисуке Хонда со пари ја плати поддршката за Иран – веднаш остана без договор во САД

Јапонската фудбалска ѕвезда Кеисуке Хонда откри дека останал без рекламен ангажман во Соединетите Американски Држави откако јавно го поддржал Иран за настап на Светското првенство наредното лето.

Поранешниот јапонски репрезентативец објасни дека рекламна кампања со една американска компанија, чие име не го откри, била стопирана веднаш по неговата објава на социјалните мрежи. Во пораката, 39-годишниот Хонда изразил став дека би сакал Иран да биде дел од Мундијало..

„Знам дека ова е многу чувствителна тема, но лично сакам Иран да игра на Светското првенство“, напиша Хонда во објава на социјалните мрежи.

Веќе следниот ден тој објави нова порака во која откри дека токму овој став довел до прекин на соработката со компанијата.

„Изгледа дека оваа изјава доведе до тоа една американска компанија да откаже реклама која требаше да биде завршена пред Светското првенство“, напиша Хонда.

Тој воедно додаде дека не сака да биде дел од компании кои, според него, носат одлуки врз основа на погрешни проценки и притисоци.

Иако Иран веќе обезбеди пласман на турнирот, учеството на оваа репрезентација и понатаму е под знак прашалник поради зголемените тензии и воениот конфликт.

Инфантино: Трамп повтори дека Иран е добредојден да игра на Светското првенство 2026

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот